На 15-ти април 2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во Конгресниот центар на Скопски саем, Мрежата за поддршка на млади претприемачи (YES Network) го промовираше Акцискиот план и одржа информативна сесија за тековниот Конкурс за доделување грантови на граѓанските организации.
Студенти, невработени или вработени граѓани, постојни или идни претприемачи, владини претставници, претставници на универзитетите, претставници на граѓанскиот сектор се поканети на бизнис средби кои ќе се одржат во 7 градови.
Мрежа за поддршка на млади претприемачи распишува Конкурс за доделување грантови за финансирање на програми и проекти на граѓански организации во областа на претприемништвото за млади за 2015 година. Краен рок за поднесување пријави: 20 април 2015 година, 16:00 часот.
Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за Промотори за програмата Еразмус+ во Република Македонија.
Мрежата за поддршка на млади претприемачи го подготви и објави својот прв повеќегодишен Акциски план преку кој дава сопствен придонес кон развивање на претприемачкото општество во Република Македонија.