На ден 21.06.2017 година во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа промотивната конференција за проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“.
Проектната канцеларија на ТАКСО во периодот од 5-ти до 7-ми јули 2017 година, во Скопје организира обука на тема „Подготовка на проектни апликации за ЕУ фондови“. Заинтересираните треба да испратат пополнета пријава на info.mk@tacso.org најдоцна до 27-ми јуни.
Панел дискусијата ќе биде проследена со три паралелни работни групи каде што на учесниците ќе им се понуди простор за развивање на потенцијална соработка и заеднички иницијативи кои би можеле да се спроведат во наредниот период.
На 21.06.2017 (среда), со почеток од 12.00ч, во Информативниот центар на ЕУ, ПСМ Фондација ќе одржи промотивна конференција со цел почеток и промоција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“.