Eкспертска работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“

На ден 05-ти декември (среда) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

Прочитај повеќе

Експертска работилница „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

На ден 27-ми ноември (вторник) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“.

Прочитај повеќе

Прирачници за креирање и следење на јавни политики во Поглавје 20

Во месец октомври годинава, содржината на националниот ресурсен центар на платформата „Поглавје 20“ се збогати со три прирачници за креирање и следење на јавните политики во Поглавје 20 наменети за граѓанските организации.

Прочитај повеќе

Одржан првиот настан за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“

На 25-26 октомври во хотел „Капри“ во Битола се одржа првиот од трите настани за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“. Настанот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската унија, а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.

Прочитај повеќе

Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите

Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува: Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите. Повикот се однесува за три дводневни настани за вмрежување за вкупно 60 учесници во текот на октомври, ноември и декември 2018.

Прочитај повеќе

10 препораки од граѓанските организации за младинските политики

Во состав на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на креирањето на младински политики“ беа одржани 3 обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации за креирање на младински политики, каде учествуваа вкупно 45 претставници од граѓанскиот сектор.

Прочитај повеќе

Категории

Пребарувај

Популарни тагови

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива