Преку стимулирање на иновациите и подобрување на конкурентноста на домашните компании, до подобро искористување на европските програми за финансирање

Вчера (среда), 7-ми февруари 2018 година, со почеток во 12:00 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се одржа промотивна конференција која го означи почетокот на проектот „Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку развој на капацитети за иновации“, финансиран од Европската унија.

Прочитај повеќе

​Отворени можности за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за унапредување на креирањето на младински политики

Главната цел на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ е да придонесе во подобрувањето на огранизациските капацитети на граѓанскиот сектор и да ги зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младински политики. Проектот трае од 19.12.2017 до 19.02.2019.

Прочитај повеќе

Завршна конференција на проектот „Заедно за успех“

На 19-ти декември со почеток во 11:00 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје (сала Милениум 2) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Прочитај повеќе

Повик за доделување на грантови на граѓански организации

Грантовата шема има за цел да обезбеди поддршка на активностите на граѓанските организации вклучени во различни аспекти од Поглавје 20. Грантовата шема има вкупен фонд од 3.688.866 денари (60.000 евра). Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани преку грантовата шема (4 на локално ниво и 4 на национално ниво).

Прочитај повеќе

Mотивациски настан: „Зошто претприемачите се толку посебни?“

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување Ве поканува да земете учество на претстојниот настан за мотивација, инспирација и вмрежување на 13 ноември (понеделник) 2017 со почеток од 18 часот, во Кинотека на Македонија , Скопје. Настанот е во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“.

Прочитај повеќе

Започна кампањата за промоција на мултиетничко претприемништво „И јас сум претприемач“

Со одржувањето на трибината „Промоција на мултиетничко претприемништво – И јас сум претприемач“, на 15.09.2017 (петок), од 12:00 до 14:00 часот, во Хотел и спа „Парк“ во Скопје, се одбележа почетокот на истоимената кампања за промоција на мултиетничкото претприемништво „И јас сум претприемач“.

Прочитај повеќе

Категории

Пребарувај

Популарни тагови

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива