Покана за завршен настан на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ 08.08.2017

Центарот за економски анализи и Федерацијата на фармерите во рамките на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“, поддржан од ЕУ, ве покануваат на завршниот настан на проектот на 8-ми август 2017 (вторник), од 11:00 часот во Голема сала на Занаетчиски дом во Куманово.

Прочитај повеќе

​Втор консултативен форум за локалната стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола

Форумот за изработка на „Локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво во општина Битола“ се одржа на 26.07.2017 (среда), во хотел Премиер центар во Битола, а учествуваа 21 лице.

Прочитај повеќе

​Тридневно славење на различноста - Декада на припадноста

Презентација на очекуваната промотивна кампања „И јас сум претприемач“ на летниот фестивал „Деката на припадноста – славење на различноста“ кој се одржува во Струга од 25-ти до 27-ми јули 2017 година, со богата програма со настани, перформанси, дебати, проекции, работилници...

Прочитај повеќе

Заврши првиот ден од снимањето на документарниот филм „И јас сум претприемач“

Документарниот филм е дел од националната промотивна кампања „И јас сум претприемач“ која ќе започне во септември 2017 година и ќе вклучи 6 настани за вмрежување на претприемачи од немнозински етнички заедници низ целата земја.

Прочитај повеќе

Истражување за потебите на граѓанскиот сектор од областа на реформи во Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика

Во рамки на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, МИР Фондација започна истражување со цел подобро да се разбере моменталната состојба и условите за Поглавје 20. Во таа насока, креиран е прашалник за потребите на граѓанските организации релевантни за реформскиот процес во Поглавје 20.

Прочитај повеќе

​Успешно завршена првата обука од проектот „Економска инклузија на младите Ромки во Општина Кичево“

Една од главните цели на проектот е јакнење на капацитетите и економската инклузија на младите Ромки преку обуки, советување и менторство. Потоа вмрежување на младите Ромки претприемачи меѓусебно и со претприемачи од други етнички заедници како и воспоставување на соработка и мрежа за поддршка и менторство со бизнис секторот.

Прочитај повеќе

Категории

Пребарувај

Популарни тагови

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива