Прирачници за креирање и следење на јавни политики во Поглавје 20

Во месец октомври годинава, содржината на националниот ресурсен центар на платформата „Поглавје 20“ се збогати со три прирачници за креирање и следење на јавните политики во Поглавје 20 наменети за граѓанските организации.

Прочитај повеќе

Одржан првиот настан за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“

На 25-26 октомври во хотел „Капри“ во Битола се одржа првиот од трите настани за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“. Настанот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската унија, а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.

Прочитај повеќе

Одржани трите обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание на младинските политики

Во текот на месец април и месец мај, се одржаа трите дводневни обуки за јакнење на капацитетите на 45 граѓански организации за влијание на младинските политики. Овие обуки се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската Унија.

Прочитај повеќе

Граѓанските организации обучени за мониторинг и евалуација на политики

На 13-ти април 2018г, во просториите на Стопанска Комора на Македонија се одржа обука на тема: „Мониторинг и евалуација на политики“. На обуката учествуваа вкупно 30 претставници од граѓанскиот сектор, кои дејствуваат во полето на Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика.

Прочитај повеќе

Обука: Мониторинг и евалуација на политики

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема „Мониторинг и евалуација на политики“, која ќе се одржи на 13-ти април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија.

Прочитај повеќе

Формирана првата национална платформа „Поглавје 20“

Во март 2018 година, се формираше првата национална Платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Платформата е составена од 47 членки, активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на преговарачкото Поглавје 20.

Прочитај повеќе

Категории

Пребарувај

Популарни тагови

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива