ПСМ Фондација – Регионален центар со отворен инфо пулт за деловна поддршка на претприемништвото

Започнувајќи од март годинава ПСМ Фондација стана Регионален центар во Републиката за реализација на програмската активност „Инфо пулт”. Заинтересираните, за сите потребни информации може да се обратат на 02 3 103 660 на e-mail contact@yes.org.mk, или да повелат директно во просториите на Фондацијата, секој работен ден од 10.00-11.00ч.

Прочитај повеќе

Промоција на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“

Годинава ПСМ Фондација беше дел од третиот Саем за вработување и пракса „Контакт“ кој се одржа од 19 - 21 април во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, во организација на студентските парламенти на ФЕИТ и Факултетот за информатички науки и комуникацики технологии (ФИНКИ).

Прочитај повеќе

Промоција на Мрежа за поддршка на млади претприемачи и локалните акции на проектот „Заедно за успех“ за време на Денови на образование и кариера 2017

Од 6-ти до 8-ми април 2017 година, за време на 20-тите интернационалните Денови на образование и кариера, на Скопскиот саем, ПСМ Фондација ги претстави своите тековни активности и проекти, отворените можности за млади луѓе, како и палетата услуги кои ги нуди преку ПСМ бизнис инкубатор.

Прочитај повеќе

Промоција на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“

ПСМ Фондација зеде активно учество на саемската манифестација „Денови на образование и кариера 2017“ одржана од 6-8 април на Скопски саем и оствари успешно претставување на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, пред посетителите на саемот.

Прочитај повеќе

Мултиетнички претприемачки кампови, проект „Заедно за успех“

Трите мултиетнички претприемачки кампови се одржаа во Маврово, Охрид и Берово, како дел од активностите на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Прочитај повеќе

Тренинг ресурси: Градење на локални капацитети и улогата на младинското учество за креирање на младински политики

Овие материјали претставуваат одличен водич низ процесот на идентификување на придобивките од учеството во креирањето на младински политики од страна на младите луѓе кaко корисници, со цел да се усогласат нивните потреби и предизвици со можностите кои ги нудат општините и граѓанските организации преку нивните програмски и проектни активности.

Прочитај повеќе

Категории

Пребарувај

Популарни тагови

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива