Значење и придобивки од интеграцијата на единствениот европски пазар
Брошурата претставува публикација како дел од активностите на проектот: „Јакнење на мултилатерален
дијалог и соработка помеѓу граѓанските организации, државните институции, бизнис-секторот и
медиумите за побрзо приспособување кон единствениот пазар“ , имплементиран од ПСМ Фондација,
а поддржан од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска
поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите
Нации за проектни услуги (UNOPS).
Улогата на граѓанскиот сектор како важен чинител во реформскиот процес
на преговарачкото Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика
Брошурата претставува завршна публикација на проектот: „Јакнење на капацитетите и механизмите за
поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“ , финансиран од Европската унија, а имплементиран
од страна на проектните партнери: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за
Менаџмент и индустриско истражување и ЗРР „Јавор“.
Прирачник за младински политики, учество и застапување
„Прирачникот за младински политики, учество и застапување” нуди нови знаења, современи методи и техники за зголемување на вештините за застапување на граѓанските организации во насока на засилување на нивното влијание врз јавните политики за млади.
Година на издавање: 2018
Брошура „Младинското учество, мерки и стратегии за млади“
Преку оваа публикација се презентирани позитивни мерки и практики во полето на младинските политики, со цел да се овозможи трансфер на искуства и знаења што би можеле да се адаптираат како во останати локални заедници низ земјата така и на национално ниво.
Истражувањето на потребите на граѓанските организации е направено преку дистрибуирање на прашалник (Анекс 1) до над 80 граѓански организации идентификувани во рамки на процесот на анализа на чинители за Поглавје 20.
Во овој документ се претставени сумарните резултати од анализата на одговорите доставени од страна на 48 граѓански организации. Истите ќе помогнат при процесот на планирање на активностите за градење на капацитети, при дефинирање на областите за делување на платформата Поглавје 20, како и при утврдување на структурата на ресурсен центар.
Брошура „Преговарачко поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“
Изработката на оваа публикација произлегува од потребата за запознавање и подигање на свеста за значењето и структурата на Поглавје 20, со цел адекватно вклучување на релевантните чинители во реформскиот процес.
Истражување за младински политики
Истражување за состојбата на младите на локално ниво и ефективноста на дијалогот помежу општините и граѓанските организации
Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво
Економска анализа за женско претприемнииштво
Истражување на потребите на претприемачите во Р. Македонија
Ова истражување се состои од анализа и евалуација на потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите претприемачи во Република Македонија.