Со цел активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку структурирани напори од страна на мрежата на граѓански организации  „YESNetwork“, создаден е  првиот национален ресурсен центар за креирање и следење на политиките за преговарачкото Поглавје 20.

Ресурсниот центар вклучува дигитална библиотека со релевантни стратешки документи, извештаи и анализи, документи за политики, материјали за градење на капацитети на граѓанските организации, алатки и водичи за креирање на политики, едукативни видеа, вебинари, информации за членките на Платформата „Поглавје 20“, како и информации за настани и новости.

Ресурсниот центар претставува еден од резултатите на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, што ќе се одржат долго по завршување на проектот како составен дел на мрежата „YESNetwork“. Проектот е финансиран од Европската унија.


ВЛЕЗ ВО РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР