Проектот
„Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните младински политики. Проектот цели да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата.
Целни групи се: младински граѓански организации, млади луѓе и претставници од локалната самоуправа кои работат на креирање на младински политики.
Проектните активности ќе понудат бројни можности и бенефиции за граѓанските организации, претставниците од општините како и локалните заедници. Проектот ќе започне со утврдување на проблемите и потребите кои ја ограничуваат економската независност на младите од 3 општини (Општините Пробиштип, Старо Нагоричане и Чашка) со цел поставување на појдовна точка од која граѓанските организации и креаторите на младинските политики ќе ги насочат заедничките напори кон дефинирање на соодветни политики кои ќе бидат во согласност со приоритетите на Националната Стратегија за Млади.
Ќе биде креирана и тренинг програма со цел зајакнување на капацитетите на младинските граѓански организации и претставниците на локалната самоуправа за имплементација на локални политики. Од сетот на мерки кои ќе бидат дефинирани во рамки на локалните младинските политики, 3 општини ќе бидат директни корисници од пилотирањето на 6 мерки директно насочени кон подобрување на состојбата на младите кои живеат во нив. Мерките ќе бидат имплементирани од страна на граѓански организации кои работат во овие општини и кои во иднина ќе бидат фокусирани кон следење и подобрување на имплементацијата на локалната стратегија за млади.
Исто така, проектот предвидува и формирање на 3 заеднички форуми составени од претставници на општините, граѓански организации и млади луѓе за подобрена соработка, а во склоп на проектот ќе се одржат и 3 јавни дебати со цел да се промовираат мерките кои ќе се пилотираат во општините.
Проектот ќе трае од ноември 2015 до мај 2017 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Проектните активности ги имплементираат партнерските организации Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар.