Нови можности за активно интегрирање на младите луѓе и жените од етничките малцинства на пазарот на труд

Фондацијата за Претприемачки сервис за млади Ве поканува да учествувате на промотивните настани што ќе го означат почетокот на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската Унија. Проектот го имплементираат Фондацијата за Претприемачки сервис за млади (координатор), ЗИП Институт, Ромската Организација на Жените „Даја“, како и Фондација Футуре 21.

Планирани се шест промотивни настани во неколку скопски и други општини низ земјата, а повеќе информации за распоредот на нивното одржување (термин, точна локација и начинот на пријавување) ќе бидат објавени наскоро.

Настаните се наменети за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), со посебен фокус на припадниците на етничките малцинства во земјата, претставниците на приватниот сектор и компаниите кои се потенцијални работодавачи, а ќе учествуваат и претставници на релевантни институции и организации што работат во полето на поддршка и јакнење на економскиот потенцијал на младите и жените, како и претставниците на локалната самоуправа, стопанските комори и академскиот сектор.

На промотивните настани ќе биде презентирана планираната проектна програма која ќе вклучи:
  • обуки за вработување и самовработување, обуки за започнување бизнис, кариерно советување, менторски сесии, ИТ курсеви, курсеви по англиски јазик, работни пракси во повеќе компании, креативни работилници;
  • онлајн курсеви за развој на вештини и лансирањето на одржлива платформа за е-учење;
  • јакнење на обучувачите од граѓанските организации за пилотирање на онлајн курсеви и користење на онлајн платформата;
  • бизнис план натпревар и финансиска помош од 3000 евра за 5 бизнис идеи.
Сите овие активности ќе бидат распоредени во периодот што следува, заклучно со август 2017, а заинтересираните ќе може да ги пронајдат тековните информации на веб порталот: www.pretpriemac.mk.

Запознајте се со можностите кои ќе ги понуди овој проект и пријавете го вашето присуство на еден од шесте промотивни настани. Бројот на учесници е ограничен.

Главна цел на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување” е да го фасилитира процесот на интеграција на младите луѓе и жените од етничките малцинства во земјата преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и нивните вештини за вработување и самовработување, со цел формирање на нови бизниси и создавање на движечка сила која ќе овозможи континуирано градење на капацитетите и поддршка на професионалниот развој. 

Проектот е финансиран од Европската Унија.



Проектот е имплементиран од:




 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива