Промоција на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за меѓуетнички односи“

На 29-ти февруари на Скопски саем (Дипломатик сала) во Скопје ќе се одржи промотивен настан кој ќе го најави почетокот на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ финансиран од Европската Унија. Проектот ќе го имплементираат четири партнерски организации: Фондација Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

Главната цел на проектот е да допринесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку зголемување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачки од различни етнички групи. Во оваа насока, проектот ќе го промовира претприемништвото како заедничка меѓуетничка перспектива која ги поврзува младите, граѓанскиот сектор и сите релевантни владини институции.

Промотивниот настан ќе даде осврт на претстојните активности кои ќе се реализираат во рамки на проектот:
  • Спроведување на анализа на потребите и предизвиците на младите претприемачи од различни етнички заедници;
  • Организирање на претприемачки кампови за млади претприемачи, граѓански организации и претставници од општини;
  • Реализирање на промотивна кампања за промовирање и јакнење на меѓуетничките односи помеѓу целните групи;
  • Финансирање на проекти на граѓански организации наменети за промоција на младинско претприемништво и меѓуетничка соработка.
 
Агенда:
(09:45 – 10:00) Регистрација 
(10:00 – 10:15) Поздравен говор 
(10:15 – 11:00) Презентација на проектните активности и очекувани резултати
(11:00 – 12:00) Коктел

Датум: 29-ти февруари 2016 година
Локација: Скопски саем, Дипломатик сала

Пријавување за учество на е-mail: aleksandar.filiposki@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 најдоцна до 26-ти февруари 2016 година.

Проектот е финансиран од Европската Унија.


Проектот е имплементиран од:



 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива