Промотивна конференција за проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи“

На 11.09.2014 (четврток), со почеток од 12:00 часот, во Информативниот центар на ЕУ, ПСМ Фондација ќе одржи промотивна конференција со цел почеток и промоција на проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи”.

На конференцијата ќе учествуваат претставници од партнерските организации вклучени во имплементација на проектот: Александар Филипоски од ПСМ Фондација, Марија Ефтимова од Здружение на работодавачи на Скопје, Емилија Велковска од Фондација МИР и Ивана Станковска од Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

На конференцијата ќе бидат презентирани активностите на проектот, како и можностите за вклучување на младинските организации во проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи”, финансиран од Европската Унија и кој има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, како и да овозможи координација на иницијативите водени од граѓанските организации за поттикнување на младинско претприемништво. Мрежата претставува моќен механизам за координација и поврзување на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.

Вашето присуство може да го потврдите на contact@yes.org.mk или на 02 3103 660.

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива