Обука за претприемништво за млади

Центарот за меѓукултурен дијалог на 6-ти и 7-ми март, организира Обука за претприемништво за млади.

Обуката е наменета за млади луѓе, студенти, невработени кои се интересираат за претприемништвото или имаат идеја да отпочнат свој бизнис. Поради специфичноста на проектот во чии рамки е организиран овој настан, обуката е особено наменета за млади луѓе кои работат или живеат во пограничниот регион со Р. Бугарија, односно во северо-источен, источен и југоисточен плански регион.

По тој повод би ве замолиле повикот за учество да го проширите помеѓу вашите пријатели, членови на Вашата организација, или да го објавите и на вашите портали.

Рокот за пријавување е до 22-ри февруари, а сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: http://goo.gl/qDtK7j. Учеството е бесплатно.

За повеќе информации посетете ја страната на проектот: http://e-region.eu/mk/trainings/

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива