Објавен јавен повик на Град Скопје за финансирање програмски активности на здруженија и фондации

Град Скопје објави Јавен повик за финансирање програмски активности на здруженија и фондации за поддршка на проекти од областа на социјална, детска и здравствена заштита, за образование, програмски активности на здруженија и фондации и манифестации од интерес на Град Скопје. Пријавите може да се поднесуваат до 13-ти февруари до 15:00 часот.

Здруженијата и фондациите кои сакаат да учествуваат на овој повик треба да се се регистрирани според Законот за здруженија и фондации со седиште во Скопје и можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка за проект или манифестација.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, во затворен плик на адреса: Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, бул. „Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје преку архивата на Град Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик, област на проект 1, 2, 3 или 4).

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации и Образецот за Предлог – проект, се достапни во просториите на Град Скопје, Одделение за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации и на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk и www.skopje.gov.mk/nvo

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива