Практична работилница за социјално претприемништво

Во рамки на проектот: „Обуки и промоција за развој на социјалното претприемништво“ финансиран од Министерството за економија на Република Македонија, а спроведуван од здружението „Конект“ се спроведуваат работилници за социјално претприемништво.

Целта на работилниците е градење на капацитетите на потенцијалните социјални претприемачи. Ќе се презентираат аспектите на социјалната економија и можностите за формирање на социјално претпријатије во Македонија. Присутните ќе се стекнат со практично знаење за развивање на различни бизнис модели на социјално претпријатие. Една работилница е предвидено да трае четири часа.

Учество може да земат претставници на сите организации, што здобиеното знаење би го примениле во работењето.

Работилницата ќе се одржи во Скопје, хотел ТЦЦ „Гранд Плаза“ (до Веро, Тафталиџе) на 23.02.2015 (понеделник), со почеток од 10.00 часот.

Со оглед на големиот интерес за обуката, ве молиме да го пријавите вашето присуство на: konekt@konekt.org.mk или на телефон 02 / 3224 198, најдоцна до 19.02.2015 (четврток).
                                                                                                                                    
Логистички информации:
  • Организаторот го задржува правото да направи селекција на учесниците;
  • Детален дневен ред ќе биде дополнително дистрибуиран;
  • Патните трошоци ги покрива учесникот;
  • Адресата на местото на одржување на настанот е бул. „8-ми Септември“ 2/2, Општина Карпош, Скопје. Линк: http://www.tccgrandplaza.com/ 

Лице за контакт: Виктор Мирчевски, Програмски соработник, „Конект“
Адреса: ул. „Владимир Полежиновски” 19-1/6, 1000 Скопје
Тел: +389 (0)2 3224 198; Fax: +389 (0)2 3118 737; Mоб: +389 (0)71 20 66 33
Е-mail: viktorm@konekt.org.mk; Web: www.konekt.org.mk; www.konekt.org.mk/blog

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива