Покана за консултативен состанок за повикот за проекти на ИПА 2 Граѓанско општество

Делегацијата на Европската Унија ве поканува на консултативен состанок за дискусија на приоритетите за повикот за проекти на програмата ИПА 2 Граѓанско општество (IPA 2 Civil Society Facility Programmе). На состанокот на учесниците ќе им бидат претставени и други можности за финансирање преку следните ИПА повици за проекти.

Сите претставници на граѓанските организации или други релевантни стеикхолдери може да учествуваат на настанот. Состанокот ќе се одржи на 27.02.2015 (петок), со почеток во 11:00 часот, во просториите на ЕУ Инфо Центарот (во зградата на Делегацијата на ЕУ, бул. „Св. Кирил и Методиј“ 52в).

Добредојдени се сите коментари кои вашата институција би сакала да ги сподели за време на состанокот, но и преку пишана комуникација со Делегацијата на ЕУ.

Во прилог и други корисни линкови до релевантни информации во врска со повикот и програмата:

Synthesis of the Macedonian action document 2014-15 и CSF Guidelines for EU support to civil society in enlargement countries, 2014-2020.  

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива