Јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој на 18.02.2015 година објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти под инструментот за поддршка - кофинансирани грантови за „старт-ап“ и „спин-оф“ трговски друштва и иновации до 30.000 ЕУР.

Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) - „старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани, кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.

Условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог-проектите се образложени во целосниот текст на повикот достапен на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој: www.fitr.mk

Линк до јавниот повик: http://fondzainovacii.mk/?p=316

За дополнителни информации може да се обратите во Фондот на: info@fitr.mk

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива