Презентација и краен рок за аплицирање за „Денови на младинско вмрежување“ во Општина Центар, Скопје

Иницијативниот одбор за основање на Локален младински совет​ во Општина Центар, Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог ги покануваат организациите кои се регистрирани и/или делуваат во општина Центар​ на презентација во врска со активниот повик за настанот Денови на младинско вмрежување во Општина Центар
 
Повикот за пријавување на членови е објавен на следниов линк, и е активен до 27-ми февруари 2015.
 
Презентацијата ќе се одржи на 26-ти февруари (четврток) во просториите на Националниот младински совет на Македонија со почеток во 18:00 часот. 
 
​Целта на оваа презентација е запознавање со деталите околу повикот за учесници, настанот „Денови на младинско вмрежување“ како и да се одговори на финални прашања околу иницијативата и наредните чекори.​
 
Сите младински структури кои препознаваат интерес во национално младинско здружување, најверојатно ќе пронајдат интерес и во оваа инцијатива за локално здружување преку кое формално ќе се застапуваат интересите на младите.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива