Јавен повик за ангажирање на Промотори за програмата Еразмус + во Република Македонија

Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за Промотори за програмата Еразмус+  во Република Македонија.

Еразмус+ е програма на ЕУ во областите на образование, обука, млади и спорт. Реализација на програмата е предвидена за период од 7 години, започнувајќи во 2014-та и завршувајќи заклучно со 2020 година.

Согласно предвидените активности за реализација за 2015-та година во Македонија, се објавува овој повик за ангажирање на 6 (шест) Промотори, чии работни задачи и активности се опишани во текстот на повикот.

Целосниот текст на јавниот повик е достапен на следниот линк:
http://www.na.org.mk/index.php/mk/novosti-detalna/items/javen-povik-za-angazhiranje-na-promotori-za-programata-erazmus-vo-republika-makedonija.html

Заинтересираните можат да се пријават не подоцна од 15-ти април 2015 година.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива