Информација за одржување бизнис средби низ градовите во Македонија

Студенти, невработени или вработени граѓани, постојни или идни претприемачи, владини претставници, претставници на универзитетите, претставници на граѓанскиот сектор - тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да ја развивате вашата земја“ ве поканува на бизнис средби кои ќе се одржат во 7 градови во земјава и тоа:  Скопје, Битола, Тетово, Штип, Охрид, Струга и Струмица.

Овој проект го имплементира ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 - Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола. Истиот започна на 1-ви декември 2014 година и ќе се спроведува до 31-ви мај 2015 година. Проектот е делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.
 
На бизнис средбите ќе се прикажуваат и видеа со примери од македонската економија на следните теми:
  1. Историја на претприемништвото: Како се развивало претприемништвото во Македонија, кои биле предизвиците, препреките, каде сме денес?
  2. Улога на Владата во поддршка на претприемачите: Кои се Владините програми за поддршка и развој на претприемништвото, кои мерки се преземаат, примери на поддржани компании, како други Влади од транзициски економии од светот ги мотивираат претприемачите, итн.
  3. Филантропија: Колку е филантропијата развиена во Македонија, дали имаме филантрописти кои поддржуваат претприемачи, кои се примерите и нивните искуства, итн.
  4. Посреднички организации: Каква е улогата на организациите кои го поддржуваат претприемништвото, колкав е процентот на поддржани претприемачи, кои типови на поддршка ги нудат, колкава е заинтересираноста кај младите да отворат свој бизнис, итн.
  5. Улога на образовни институции: Дали факултетите во Македонија ги мотивираат студентите да размислуваат претприемнички, колку истражувачи имаме, колку од истражувањата се комерцијализираат, дали студентите ги стекнуваат потребните вештини за да најдат работа, каде постои јазот помеѓу пазарот на трудот и вештините, итн.
  6. Пристап до финансии: дали бизнисите во Македонија имаат потенцијал да привлечат поддршка од бизнис ангели, колку од нив користат поддршка од Seed-акцелератори, како треба понатаму да се развиваат овие извори на поддршка за претприемачите, итн.
 
Видеата од овој проект се креирани да ја прикажат македонската претприемничка приказна, на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing entrepreneurship in transitioning economies“ што го следат преку 20.000 лица од целиот свет. Тимот на проектот ги сними овие видеа во периодот од февруари до април 2015, со претставници од различни сектори и институции.
 
Средбите се одлична можност да се вмрежувате, поставувате прашања и да се информирате за претприемништвото во земјата. Места и време на одржување на бизнис средбите низ Македонија:
 
16.04.2015 – Охрид – Универзитет за информатички науки „Св. Апостол Павле“, почеток 08:00 ч.
16.04.2015 – Битола – Американско катче, почеток 12:00 ч.
20.04.2015 – Штип – Американско катче, почеток 13:00 ч.
21.04.2015 – Струмица – Агенција за вработување на Р. Македонија, почеток 12:00 ч.
22.04.2015 – Струга – Меѓународен универзитет, почеток 13:00 ч.
23.04.2015 – Охрид – Факултет за туризам и угостителство, почеток 12:00 ч.
27.04.2015 – Битола – Технички факултет, почеток 11:00 ч.
28.04.2015 – Скопје – Универзитет Американски колеџ, почеток 11:00 ч.
28.04.2015 – Скопје – Американско катче, почеток 17:00 ч.
29.04.2015 – Тетово – Технолошки парк на Штулов универзитет, почеток 14:00 ч.
 
За да се пријавите како учесници на некоја од средбите, пополнете ја електронската пријава. Или контактирајте не’ на 078 201 854; info@cefe.mk
 
Веб страна: www.cefe.mk
ФБ фан страна: https://www.facebook.com/CEFEMacedonia

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива