Обука „Како до финансии преку ЕУ програмата Хоризонт 2020?"

Проследуваме информација споделена од страна на Центарот за локални иницијативи Битола, наменета за оние кои сакаат да дознаат како да искористат средства од европските фондови. Во фокус е програмата за истражување и иновации на ЕУ – Хоризонт 2020, како се подготвуваат проекти и како се влегува во партнерски мрежи за да се добијат финансии. 
 
Европската тренинг академија (ЕТА) од Србија ја организира дводневната обука „Како до финансии преку ЕУ програмата Хоризонт 2020?" на 29-ти и 30-ти октомври 2015 во Битола. Повеќе информации на следниот линк: https://www.facebook.com/events/1627459810840043/ 
 
Обуката е наменета за големи, мали и средни претпријатија, иновативни компании, инвестициски фондови и друштва, агенции за регионален развој, кластери, организации за поддршка на бизнис, општини, универзитети, факултети, научни институции, министерства, невладини организации и секој кој сака да дознае повеќе за Хоризонт 2020.
 
Пријавете се најдоцна до 20-ти октомври (за пријави до 15-ти октомври следува бонус консултација со експерт од ЕТА).

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива