Повик за мали акциски грантови на Цивика мобилитас

Ве информираме дека Цивика мобилитас објави повик за доделување мали акциски грантови наменети за поддршка на граѓански организации кои сакаат да ги промовираат своите цели на локално/национално ниво.
 
Времетраењето на активностите треба да биде најмногу 12 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде најмногу 400.000 денари. Расположливиот вкупен износ за повикот е 20.000.000 денари и ќе се распредели на околу 48 грантови во периодот 2015-2018 година.
 
Повикот е отворен до 30-ти јуни 2017 година. Концептите може да бидат поднесени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.
Концептите и пријавите се доставуваат само по електронски пат на: cm-mak-01@civicamobilitas.mk 
 
Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање се достапни на следниов линк: http://www.civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-mak-01

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива