Учествувајте на завршната конференција на YES Network: „Најдобри пракси и вмрежување“

Завршната конференција на проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи (YES Network), со наслов „Најдобри пракси и вмрежување“ ќе се одржи на 2-ри и 3-ти септември 2015-та година, во Скопје, во просториите на Конгресниот центар на Скопскиот саем (ул. „Беласица“, бр. 2, 1130 Скопје).

Ги покануваме сите претставници на организации и институции кои работат на полето на младинско претприемништво, невладини организации, владини институции и претставници на локалната самоуправа, стопански комори, претставници од академскиот и бизнис сектор, претприемачи, студенти и други млади луѓе, да учествуваат на настанот.

За време на дводневната конференција ќе бидат презентирани резултатите од проектот и имплементираните локални граѓански активности за развој и поддршка на младинското претприемништво на локално и регионално ниво, а ќе бидат пренесени и идентификувани добри пракси од граѓанскиот сектор во истата област. Присутните ќе имаат можност да учествуваат во презентации и дискусии со претставници на локалните власти, владините институции, како и други релевантни стеикхолдери на тема активни мерки за поддршка на младинското претприемништво.

Сите учесници на конференцијата кои не се од Скопје имаат можност за рефундирање на трошоците за пат и сместување. Ве молиме контактирајте нѐ за деталите. За да го пријавите учеството испратете нѝ: име, презиме, име на организацијата / институцијата која ја претставувате (доколку присуствувате како индивидуално лице, само вашето име и презиме е доволно) и контакт детали (e-mail адреса, број на мобилен телефон) на: yes@yes.org.mk, најдоцна до 31.08.2015 (понеделник). За дополнителни информации може да се обратите и на контакт телефон: 02 / 3103 660.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива