УНДП објавува оглас за грантови за младински клубови

Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) објавува оглас за грантови за младински клубови за промоција на одржливи работни места (Promoting Sustainable Employments 4: Youth Information Clubs).
 
Повикот е отворен за сите граѓански организации регистрирани според законот, што работат со млади, вработување и приватниот сектор со цел креирање на еднакви шанси за вработување и подобрување на позицијата на младите при влез на пазарот на трудот. Граѓанските организации можат да аплицираат и во партнерство со други институции.
 
Секој од селектираните проекти може да добие максимум 9.000 долари. Активностите треба да траат најмногу девет месеци, почнувајќи од 1-ви октомври 2015, а да завршат најдоцна до 30-ти јуни 2016.
 
Формуларот за аплицирање се пополнува на македонски јазик, исто така и документот за склопеното партнерство со институции и/или претставници на приватниот сектор.
 
Апликацијата за пополнување и придружните документи можат да се најдат на следниот линк: http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=25073
 
Проектните апликации се доставуваат во затворен плик преку пошта, курир, или лично на рака, најдоцна до 18.09.2015, 13:00 часот, на следната адреса:
 
UNDP, GRANTS for YOUTH CLUBS, PSE 4
Ул. „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, бр. 23, Скопје

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива