Покана за работните средби за финализирање на нацрт-текстот на Националната стратегија за млади (2016-2025)

Како што беше презентирано и на завршната конференција на проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи, овој пат Ви ја пренесуваме поканата од Агенцијата за млади и спорт за работните средби за финализирање на нацрт-текстот на Националната стратегија за млади (2016-2025), пред истиот да се претстави на јавните дебати во градовите во нашата држава.
 
Како што беше најавено, во понеделник и вторник (14-ти и 15-ти септември) ќе се одржат тематски работни средби со цел да се презентира досега сработеното во работните групи, како и да се продолжи со работа во насока на поставување индикатори за мерливост на новата Национална стратегија за млади.
 
Работните средби ќе се одржат во хотел Континентал во Скопје.   
Агендите можете да ги видите на следниот линк: http://www.strategijazamladi.mk/sredbi/
 
Во понеделник во 11:00 часот започнуваат работните средби за: здравство, младинско информирање и младинска работа, а во 13:00 часот започнува работната група за образование.
 
Во вторник во 11:00 часот започнуваат работните средби за: вработување, младинско учество и спорт, а во 13:00 започнува работната група за култура.
 
На хипер линковите кои се поставени погоре во самите имиња на тематските области, можете да ги видите досега изработените материјали, со цел да можете да дадете директни коментари и предлози на работните средби во понеделник и вторник.
 
Имајте предвид дека тоа што го гледате на веб страницата се нацрт-текстовите, кои се директен производ на вашата работа во изминатите месеци. Кога ќе се заврши со процесот на работа, истите ќе подлежат на детална техничка и лексичка проверка, како и финален дизајн што ќе овозможи лесна прегледност и читливост на целиот финален документ.
 
Ве молиме информацијата за работните средби споделете ја со вашите контакти, колеги, пријатели и секој кој што сметате дека би бил заинтересиран да се вклучи во понатамошниот дел од процесот за изработка на новата Национална Стратегија за млади (2016-2025).

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива