Бесплатни обуки за почнување бизнис

Фондацијата за Претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за пријавување за учество на бесплатни обуки за почнување бизнис, кои ќе се реализираат на крајот од месец април, 2016 година.

Во рамки на обуките, учесниците ќе имаат можност да научат како успешно да започнат сопствен бизнис и да изработат бизнис план. Со помош на искусни предавачи, избраните кандидати ќе ги научат основите на бизнис работењето преку обуки кои ќе вклучат клучни теми како: изработка на бизнис план, планирање на финансии, вработени, комуникација, маркетинг, продажба, итн. Обуката ќе трае 3 дена.

По завршувањето на обуката, учесниците ќе имаат можност за учество во Натпревар за бизнис план, на кој најдобрите бизнис идеи ќе бидат финансирани со неповратни средства по 3000 евра.

Како да се пријавиш?
Кој може да се пријави?
  • Сите млади лица на возраст од 18 до 30 години.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива