Промоција на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“

На 14.04.2016 на 19-от Саем за образование и кариера, ПСМ Фондација го промовираше проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“, финансиран од Европската Унија. Претставниците на ПСМ Фондација имаа можност да разговараат со посетителите на саемот, во најголем дел млади луѓе, како и претставници на граѓанскиот сектор (едукативни организации, универзитети, невладини организации), со цел да ги информираат во врска со тековните активности, преку промотивните материјали за проектот. Саемот трае 3 дена, од 14-ти до 16-ти април 2016.   

Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните младински политики. Проектот цели и да ја зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики со цел дефинирање на мерки кои придонесуваат кон подобрена социоекономска положба на младите во државата.

Проектните активности ќе траат од ноември 2015 до мај 2017 година, а се имплементираат од страна на партнерските организации ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.

Повеќе информации може да најдете на:
www.yes-network.org
www.facebook.com/yesnetworkmk

Проектот е финансиран од Европската Унија.

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива