Повик за членство во Неформалната Платформа на НВО

Во рамките на проектот „Финансиска оддржливост на НВО во соработка со бизнис секторот“, Фондацијата АЛБИЗ и Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија објавуваат повик за граѓанските организации од Република Македонија за членство во Неформалната Платформа на НВО.

Предност за пријавување на повикот ќе имаат граѓанските организации од северо-западна Македонија (градовите Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар и Струга). Повикот е отворен и за граѓанските организации кои делуваат во другите региони на Република Македонија. Приоритет ќе им се даде на граѓанските организации лоцирани во руралните области кои работат со маргинализирани групи: млади, жени и социјални и ранливи групи. Неформалната платформа на НВО ќе брои максимум 40 претставници од граѓанските организации.

Пријавата може да ја најдете на www.albiz.org.mk
Пријавите испратете ги на info@albiz.org.mk.
За повеќе информации обратете се на 02/2057-632.
Рокот за пријавување е 06.05.2016 година (петок).

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива