Покана за консултации со граѓанското општество за ИПА 2016

Делегацијата на Европската Комисија влегува во напредна фаза во подготовката на годишната програма 2016 на инструментот за претпристапна помош (ИПА 2). План-програмата е прилагодена на специфичните потреби на земјата преку обезбедување на кохерентен и конзистентен пристап со агендата за проширување. Програмата за 2016 година содржи два (2) приоритети:
  1. Владеење на правото и фундаментални права - (приоритетот се фокусира на миграција, политика за азил и политика и борба против организираниот криминал и тероризам);
  2. Конкурентност - (приоритетот е насочен кон проширување на едношалтерскиот систем, подобрување на законодавната и институционалната поставеност за развој на приватниот сектор и пристап до финансии и бизнис советодавни услуги).
Делегацијата на ЕУ ги поканува сите заинтересирани претставници од граѓанските организации на консултативна средба во петок на 13/05/2016 од 12 ч - 13.30 ч. во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ.

Пријавувањето за учество е отворено до вторник (10/05) до 15 ч. со потврда на емаил до Анастасија Трпковска (e-mail: Anastasija.TRPKOVSKA@eeas.europa.eu).

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива