Консултативна средба со ГО за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор

Ве информираме дека Генералниот секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации на 13 мај 2016 година (петок), од 9:30 до 11:00 часот, во ЕУ Инфо Центарот во Скопје (зграда на Делегацијата на Европската унија, бул. Св. Кирил и Методиј бр. 52б), организира консултативна средба со граѓанскиот сектор за Предлог-одлуката за формирање на Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.

Заинтересираните здруженија и фондации потребно е да го пријават своето учество до 12 мај 2016 година, на следната меил адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk.
 
Информацијата е објавена на веб-страната на Одделението за соработка со НВО:

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива