Повик за поднесување на апликации-Смарт Старт

Центарот за истражување и креирање политики - ЦИКП Скопје објави повик за апликации на граѓански организации од Македонија во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Смарт старт - Одржливо влијание на граѓанското општество преку социјално претприемништво и иновации во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Општата цел на Смарт Старт е да се помогне во креирање на соодветна средина за социјално претприемништво на организациите од граѓанското општество и да се подобри нивната одржливост, финансиска одржливост и социјално влијание во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Финансиската помош по избрана граѓанска организација ќе биде во износ од максимум 6.170 EUR. Минималното учество од граѓанската организација е минимум 10% (односно Смарт Старт проектот ќе обезбеди средства во висина од 5.553 EUR, а придонесот од граѓанската организација е во висина на 617 EUR).

Доколку вашата граѓанска организација има идеја за продавање на производи и/или услуги со цел да се зајакне вашата оддржливост и да обезбедите постојана поддршка за корисниците изразете интерес на smartstart@crpm.org.mk а тимот на ЦИКП ќе ви го испрати пакетот за аплицирање.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива