Обука за градење на локални капацитети за креирање на младински политики

На 23-ти (четврток) и 24-ти (петок) јуни 2016 година, во Етно Село Куманово, со почеток од 10:30 ч. ќе се одржи Обука за градење на локални капацитети за креирање на младински политики, како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики, финансиран од Европската Унија. Проектот го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.
 
Главна цел на дводневната обука е градење на капацитетите на младинските организации и локалната самоуправа за обезбедување на висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво. Резултатите од обуката ќе придонесат кон остварување на мисијата на проектот да ја зајакне соработката меѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики, со цел дефинирање мерки кои придонесуваат кон подобрена социо-економска положба на младите луѓе во државата. Идните проектни активности ќе понудат и други бројни можности за граѓанските организации и претставниците на општините.
 
Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската Унија, започна со утврдување на проблемите и потребите кои ја ограничуваат економската независност на младите во тритe општини (Општина Пробиштип, Општина Чашка и Општина Старо Нагоричане) со цел поставување на појдовна точка од која граѓанските организации и креаторите на младинските политики ќе ги насочат заедничките напори кон дефинирање на соодветни политики и мерки кои ќе бидат во согласност со приоритетите на Националната Стратегија за Млади.
 
Од сетот на мерки кои ќе бидат дефинирани, трите општини ќе бидат директни корисници на шест пилотирани мерки кои директно ќе се насочени кон подобруваше на состојбата на младите кои живеат во овие општини. Мерките ќе се имплементираат од страна на граѓанските организации кои работат во истите општини, а ќе се финансираат преку грантови од проектот.
Проектот исто така предвидува формирање на три заеднички форуми составени од претставници на општините, граѓанските организации и млади луѓе кои ќе бидат фокусирани кон дефинирање и следење на имплементација на локалните мерки. Исто така ќе се одржат и три јавни дебати со цел да се промовираат мерките кои ќе се пилотираат.
 
Заинтересираните може да најдат повеќе информација за проектот на следниот линк:
http://www.yes-network.org/vest-statija/34169/gradenje-na-lokalni-kapaciteti-za-kreiranje-na-mladinski-politiki
 
Контакт лице:
Софија Цали Кузманова, 076 468 031, 02 3103 660, sofija.cali@yes.org.mk
Фондација за Претприемачки Сервис за Млади, ул. „16-та Македонска Бригада“ бр. 13б, Скопје

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива