Повик за слушатели на бесплатен курс по англиски јазик

„Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“

Како дел од активностите на проектот „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската Унија, ПСМ Фондација отвора повик за слушатели на бесплатен курс по основен деловен англиски јазик (Basic Business English).
 
Повеќе за проектот на: http://pretpriemac.mk/index.php/novosti/2186-integriranje.html
 
Почеток на курсот: Курсот ќе биде реализиран од средината на август, 2016 година
 
Времетраење: 10 сесии (1 сесија трае 180 минути)

Термини: Три пати неделно, од 17:00 - 20:00 часот 
 
Возраст на кандидатите: Од 17 до 30 години
 
Ниво на познавање: Кандидатот треба да има основно ниво на познавање на англиски јазик, да може да чита и пишува и да ги познава трите основни времиња (present, past & future tense).
 
Начин на пријавување: Испратете е-mail порака на trainings@yes.org.mkнајдоцна до 05-ти август 2016!

Пораката треба да содржи:
  • ваше резиме (CV);
  • оценка на вашето досегашно познавање на англиски јазик од 1 (најниско), до 5 (највисоко), според следните категории:
Читање (reading) = оценка од 1 до 5
Пишување (writing) = oценка од 1 до 5
Конверзација (listening and speaking) = оценка од 1 до 5
Граматика (use of grammar) = оценка од 1 до 5
  • назнака за добиени сертификати од претходно слушани курсеви по англиски јазик (не е неопходно, но може да биде вклучено во пораката).

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани преку е-mail.
 
За сите дополнителни информации и прашања, слободно обратете се на trainings@yes.org.mk.
 

Проектот е финансиран од Европската Унија.
 
Проектот е имплементиран од:
          
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива