Тренинг ресурси: Градење на локални капацитети и улогата на младинското учество за креирање на младински политики

Во рамки на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската Унија, на крајот на месец јуни 2016 година, во Етно Село Куманово, се одржа дводневна обука за градење на локални капацитети за креирање на младински политики, на која учествуваа млади луѓе, претставници на младинските граѓански организации, како и претставници на локалната самоуправа од општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.
 
Главна цел на дводневната обука беше градење на капацитетите на младинските организации и локалната самоуправа за обезбедување на висок степен на младинско учество и простор за развој на младински политики на локално ниво. Со цел споделување на можностите кои ги креира проектот за остварување на мисијата да се зајакне соработката меѓу граѓанските организации, младите луѓе и креаторите на локалните политики, споделуваме корисни материјали од обуката.
 
Овие материјали претставуваат одличен водич низ процесот на идентификување на придобивките од учеството во креирањето на младински политики од страна на младите луѓе кaко корисници, со цел да се усогласат нивните потреби и предизвици со можностите кои ги нудат општините и граѓанските организации преку нивните програмски и проектни активности. Исто така, материјалот ќе послужи и да се разгледаат принципите и начините на младинско учество со цел зајакнување на младинските капацитети за активно учество во креирањето на младинските политики.
 
Програмата на обуката го заокружи процесот на претставување на улогата на младинското учество и индикатори за евалуирање на младинските политики, со цел истото да се претвори во значаен ресурс при формирањето на долгорочни решенија на идентификуваните социо-економски проблеми и ангажирање на потенцијалот на младите во унапредувањето на локалната заедница.
 
Ова е целосната листа на понудениот материјал кој произлезе од Обуката за градење на локални капацитети за креирање на младински политики:  
Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската Унија, го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.
 
За повеќе информации околу материјало, како и информации поврзани со проектот може да контактирате и со проекниот координатор:
Софија Цали Кузманова, 076 468 031, 02 3103 660, sofija.cali@yes.org.mk
Фондација за Претприемачки Сервис за Млади, ул. „16-та Македонска Бригада“ бр. 13б, Скопје
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива