Покана за учество на мултиетнички младински претприемачки камп

Фондација Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија, ги поканува сите граѓански организации кои работат на полето на младинско претприемништво и промоција на мултиетничка соработка да земат учество на претстојниот младински претприемачки камп.

Претприемачкиот камп ќе се одржи од 14ти до 16ти септември во хотел Бистра во Маврово. Официјален јазик на кампот е македонски, со можност за обезбедување на превод за учесници од друга етничка заедница. 

 

АГЕНДА

Среда, 14 септември 2016
11:00 – 12:00 Регистрација на учесници
12:00 – 12:15 Поздравен говор од организаторот
  БЛОК 1
12:15  – 13:45 Тема 1: Од идеја до реализација
Тема 2:  Дизајн на претприемачки процес
13:45 – 14:45 Пауза за ручек
  БЛОК 2
14:45 – 16:15 Тема 3:  Креирање на идеален потрошувач
Тема 4:  Канали на дистрибуција  
  БЛОК 3
16:15 – 17:45 Тема 5:  Одржливост на бизнис модел
Тема 6:  Управување со преминот од стартап до вистинска компанија
Четврток, 15 септември 2016
  БЛОК 4
09:30 – 11:00 Тема 7:  Канали со комуникација
Тема 8:  Институционална соработка
  БЛОК 5
11:00 – 14:00 Тема 1: Организирано застапување пред креатори на политки
14:00 – 15:00 Пауза за ручек
  БЛОК 6
16:00 – 17:30 Тема 1: Организирано застапување пред креатори на политки (продолжува)
Петок, 16 септември 2016
  БЛОК 7
09:30 – 11:00 Тема 2: Вмрежување
11:00 – 11:30 Затворање на обуката  
  БЛОК 8
12:00 – 15:00 Посета на културни знаменитости
15:00 – 16:00 Ручек
 






























* Програмата на кампот е поделена во блок сесии. Паузи ќе бидат организирани по потреба за време на сесиите. 


Целта на претприемачкиот камп е да се овозможи простор за дискусија помеѓу граѓанските организации, младите претприемачи и претставниците од општините со цел продлабочување на соработката за зголемување на ефикасноста на мерките и иницијативите за поддршка на младинското претприемништво и мултиетничката соработка на локално ниво. 

За време на тридневниот камп ќе бидат опфатени теми за развој на претприемачките капацитети (одржливост на бизнис модел, потрошувачи, комуникација, институционална соработка и сл.) и теми за градење на капацитети за застапување и меѓуетничка соработка (организирано застапување пред креатори на политки, дефинирање на проблем и цел, креирање мрежи и коалиции и сл.). Посети на културни знаменитости како и активности за вмрежување ќе бидат организирани во текот на тридневниот камп.

На обуката е планирано да учествуваат 15 организации, а секоја организација е предвидено да учествува со максимум двајца претставници. Во случај на зголемен интерес организаторот го задржува правото да прифати само еден од учесниците. Заинтересираните организации треба да испратат пополнета пријава најдоцна до 31ви август на aleksandar.filiposki@yes.org.mk.

Забелешка: трошоците за патување, ноќевање (сместување во еднокреветна соба на 14 и 15 септември) и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот. 

___________________________________________________________________________________________________________________________________________
Проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската Унија, го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум. 
 
Повеќе информации за учеството на претприемачкиот камп како и за информации поврзани со проектот можете да добиете на 02 3 108-891 или на aleksandar.filiposki@yes.org.mk. 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива