Повик за ангажирање на обучувачи за одржување на обуки

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската Унија, има потреба од 2 обучувачи за одржување на обуки на следните теми:

1 (еден) обучувач за обука „Градење на претприемачки капацитети“ на следните индикативни предлог теми:

  • Вовед во претприемништвото, предности и предизвици
  • Мотивација и лидерство
  • Финансирање на малиот бизнис
  • Менаџирање со човечки ресурси
  • Продажба и промоција

1 (еден) обучувач за обука „Застапување и развој на вештини за меѓуетничка соработка“ на следните индикативни предлог теми:

  • Вештини за организирано застапување
  • Бариери за организирано застапување
  • Организирано застапување пред креатори на политики
  • Здружување со претприемачи од други етнички заедници

*** Предложените теми се понудени како насока за потенцијално избраните обучувачи. Програмата треба да биде изработена согласно заклучоците од Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво која е достапна на следниов линк https://goo.gl/DvNMEP

При аплицирањето кандидатите треба да достават:

  • Биографија (CV)
  • Листа на референци
  • Предлог програма за одржување на обуката
  • Цена на чинење на услугата

Апликаните треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил mir@mir.org.mkнајдоцна до 12ти септември 2016 година до 12:00 часот со назнака за која обука аплицираат. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Во прилог на овој повик Ви го доставуваме следниов документ за детални насоки:
Повик за обучувачи

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива