Јавни дебати на тема „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”

Фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане заеднички го имплементираат проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“, финансиран од Европската унија, чија основна цел е да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување механизми за долгорочен развој и имплементирање на локалните младински политики.
 
Како дел од активностите на проектот ќе се оддржат три јавни дебати во гореспоменатите три општини на тема „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“.

Првата јавна дебата ќе се одржи на 14-ти септември (среда) од 11.00ч во општината Пробиштип, втората јавна дебата ќе се одржи на 22-ри септември (четврток) од 11.00ч во општината Старо Нагоричане и третата јавна дебата ќе се одржи на 27-ми септември (вторник) од 13.00ч во општината Чашка.

Учесници на дебатите ќе бидат претставници од општините кои работат на полето на креирање на младински политики, претставници од граѓанските организации, како и млади луѓе. Главна цел на дебатите е разгледување на предлог мерките кои се произлезени од истражувањето како и дефинирање на сет од мерки за секоја општина.

Од сетот на мерки кои ќе бидат дефинирани, трите општини ќе бидат директни корисници на шест пилотирани мерки кои директно ќе се насочени кон подобрување на состојбата на младите кои живеат во овие општини. Мерките ќе се имплементираат од страна на граѓански организации кои работат во истите општини а ќе се финансираат преку грантови од проектот.

Повеќе информации за проектот може да се најдат на страната www.yes-network.org како и на 02 3108 891.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива