Конкурс за доделување на грантови во областа на креирање на младински политики

КОНКУРС
за доделување на грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на креирање на младински политики за 2016 година

 

Краен рок за поднесување на пријави:
12-ти октомври 2016 година, 12.00ч

 

ЦЕЛИ НА КОНКУРСОТ
Општа цел на конкурсот е социо-економски развој на младите и нивно вклучување во пазарот на трудот.

Специфична цел на конкурсот е јакнење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на локални мерки за поддршка на младите во соработка со локалните власти.
 
ПРЕДЛОГ - МЕРКИ
 

Предложените активности треба да се фокусираат на една од дефинираните предлог-мерки.
Предлог-мерка 1: Поттикнување младинско учество
Предлог-мерка 2: Зголемено младинско информирање
Предлог-мерка 3: Промовирање локална младинска работа
Предлог-мерка 4: Социјално интегрирање преку процесот на формално и неформално образование
Предлог-мерка 5: Поддршка на (само)вработување
Предлог-мерка 6: Унапредување на културно-забавниот живот на младите

ФИНАНСИСКА РАМКА НА КОНКУРСОТ
Фонд за финансирање

Целокупниот фонд за финансирање на проекти во рамки на конкурсот изнесува 1.110.605 денари (18.000 евра).
Големина на грантови
Преку конкурсот ќе се обезбеди поддршка за најмалку 6 локални проекти на граѓански организации, секој во максимален износ од 3000 евра. Во секоја општина ќе бидат имплементирани проектни активности за најмалку 2 мерки.

КРИТЕРИУМИ ЗА КВАЛИФИКУВАНОСТ

Апликантите во рамки на конкурсот треба да ги исполнуваат следните критериуми:
  • Да бидат правни лица регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија најмалку 1 година од денот на објавување на овој конкурс
  • Да се регистрирани како здруженија или фондации според Законот за здруженија и фондации
  • Да имаат искуство во полето на младинска работа и работа со млади луѓе
  • Да бидат одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност
 
  • Апликантот може да учествува самостојно или во партнерство со една или повеќе организации
  • Апликантот има право да учествува само со еден предлог проект
  • Апликантот не смее да биде партнер во друг предлог проект
  • Апликантот може да добие само еден грант од конкурсот за финансирање
  • Апликантот нема право да учествува доколку има добиено предлог проект од програмата ИПА инструмент – Национална програма 2011: Помош при транзиција и институционална надградба
 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Краткорочни проектни активности во времетраење од 1 до 3 месеци ќе бидат предмет на финансирање.
Проектните активности треба да завршат најдоцна до средина на месец јануари 2017 година.

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ (целосен текст)

Превземете ги документите за аплицирање!


За дополнителни информации може да се обратите на info@yes.org.mk или 02 3108 891.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива