Доделени се грантови на шест граѓански организации во областа на креирање на младински политики

На конкурсот за доделување на грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на креирање на младински политики за 2016 година во рамки на проектот „Градење локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, а во имплементација на ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар, аплицираа вкупно 19 граѓански организации со предлог-проекти.
 
Избрани се шест локални проекти кои ќе бидат финансирани преку проектот. Во секоја од трите целни општини ќе бидат имплементирани по две предлог-мерки.
 
  Организација Наслов на проектот Мерка Општина
1 Извиднички одред „Димитар Влахов“ - Велес Создаваме подобар свет 1.Поттикнување младинско учество Чашка
2 Училишен спортски клуб „Петре Поп Арсов“ - Богомила Со спорт до подобар свет 6.Унапредување на културно забавниот живот на младите Чашка 
3 Здружение на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“ Скопје  Занаетчиството - можност за економско  зајакнување на младите во рурални средини  5.Поддршка на (само) вработување Старо Нагоричане
4 Здружение за едукација „МЛАДИ ЗА МЛАДИ“ с. Старо Нагоричане Фолклорот поблиску до младите - продолжување на традицијата 6.Унапредување на културно забавниот живот на младите Старо Нагоричане
5 ЗР „ХЕНДМЕЈД АРТ“
Пробиштип
Преку убавината на ракотворбата до интегрирање 4.Социјално интегрирање преку процесот на формално и неформално образование Пробиштип 
6 Волонтерски Центар Скопје Развивање на меки вештини за долгорочно (само) вработување 5.Поддршка на (само) вработување Пробиштип 

Целокупниот фонд за финансирање на локалните проекти изнесува 18.000 евра.

Целта на оваа активност е да се поддржат и зајакнат капацитетите на граѓанските организации во имплементација на мерки за креирање на младински политики, а воедно и да се зајакне соработката помеѓу граѓанските организации и креаторите на локалните политики за да се оствари ефект на подобрување на социо-економската положба на младите во целните општини.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива