НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА
„Градење култура на соживот: соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“
18-ти oктомври 2016, Скопски Саем – Бизнис Сала, Скопје
Конференцијата ќе биде отворен форум за дијалог помеѓу грантистите, локалната самоуправа и останатите чинители кои работат на полето на меѓуетничките односи. Грантистите се од Програма на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година, Приоритет 3: Промоција на подобрување на односите помеѓу заедниците. Главната цел на конференцијата е промовирање дискусија, градење синергија и подигнување на свеста за добрата пракса во поттикнувањето на соработката помеѓу заедниците.
Проектни штандови ќе бидат поставени на местото на оддржување на конференцијата од 8-те корисници на грантови со цел да ја презентираат нивната работа и резултатите од проектните активности.
Работни јазици: македонски, албански и англиски
Агенда
09:30 – 10:00 Регистрација
10:00 – 10:30 Воведни напомени
- Г-дин Самуел Жбогар, Шеф на делегацијата на Европската унија
- Претставник од Секретаријатот за имплементација на Охридскиот Рамковен Договор –СИОФА
- Г-ѓа Весна Бабиќ Петровски, Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
- Г-дин Александар Филиповски, Проект координатор, Фондација Претприемачки Сервис за Млади
10:30 – 11:30 Состојбата со мултикултурните политики и практики
Модератор: Г-а Моника Велјаноска, Проект координатор, АДИ Гостивар
- Оценка на напредокот во спроведувањето на локалните стратегии и политики за интеграција на етничките заедници и меѓу-етничките односите, г-а Моника Велјаноска, Проект координатор, Асоцијација за Демократски Иницијативи, Гостивар
- Граѓанскиот сектор и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, г-а Софија Граовац, АОПЗ
- Меѓуетничка истражувачка студија за младинско претприемништво, г-а Оливера Аритоноска, Фондација Претприемачки Сервис за Млади
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00- 13:30 Панел 1: Општествено-културни карактеристики на општините и развитокот на меѓу-етничките односи
Модератор: Г-дин Гоце Богоевски, Проект менаџер, ЦОСВ Прилеп
- Урбана мултиетничка општина, г-дин Невзат Бејта, Градоначалник на општина Гостивар,
- Рурална мултиетничка општина, г-дин Мукрем Мемеди, Градоначалник на општина Маврово-Ростуше,
- Урбана претежно моно-етничка општина, г-дин Марјан Ристески, Градоначалник на општина Прилеп (да се потврди)
- Рурална претежно моно-етничка општина, г-дин Садула Дураку, Градоначалник на општина Липково
- Урбана мултиетничка општина, г-дин Зијадин Села, Градоначалник на општина Струга
13:30 – 14:30 Ручек
14:30 – 15:30 Панел 2: Граѓанскиот сектор како про-активен чинител во поддршката на меѓу-етничкиот соживот
Модератор: Г-ѓа Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, Проект менаџер, Фондација Жена за Жена, Скопје
- Функцијата на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОМЗ), г-ѓа Виолета Петровска, Претседателка на ОЖ Кумановка
- Инклузија на малцинските заедници, г-дин Михаил Готовски, Национален Ромски Центар, Куманово
- Мулти-културализмот и интер-културализмот во образовниот процес, г-дин Горан Талески, Мировна Акција
15:30 – 16:30 Завршна сесија: препораки и заклучоци, г-ѓа Јасминка Поповска - Локална Агенција за развој, Струга