Мултиетнички претприемачки кампови, проект „Заедно за успех“

Трите мултиетнички претприемачки кампови, како дел од активностите на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија, се одржаа од:

14-ти до 16-ти септември 2016 во хотел Бистра, Маврово
Организатор: Фондација Претприемачки Сервис за Млади, лидер на партнерскиот конзорциум
5-ти до 7-ми октомври 2016 во хотел Пела, Охрид
Организатор: Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, партнер во проектот
28-ми до 30-ти октомври 2016 во хотел Манастир, Берово
Организатор: Фондација Евро Центар, партнер во проектот

Организаторите воедно ги помогна Здружението на граѓани „Милениум“ од Тетово, исто така дел од проектот.

На секој од тридневните кампови учествуваа по околу 50 учесници, од кои најголем дел претприемачи и млади луѓе со бизнис идеја кои сакаат да започнат сопствен бизнис, претставници на граѓанските организации од различни градови и региони во земјата, како и претставници на локалната самоуправа, во најголем дел од секторите за локален економски развој. Учесниците беа од различно етничко потекло, во најголем дел Македонци, потоа Албанци, Роми, Срби, Турци и Власи. Темите на камповите вклучија градење на претприемачките капацитети на учесниците и организирано застапување пред креаторите на политики. Воедно беа презентирани и можности достапни за развој и финансирање на иновативни бизнис идеи.

За формирањето на програмата за претприемачките кампови се користеше мултиетничката истражувачка студија за младинско претприемништво спроведена во рамки на проектот, која беше презентирана и споделена со учесниците на камповите. На трите кампови беше презентирана и брошурата со проектите од програмата Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, приоритет 3: Промоција на подобрување на односите помеѓу заедниците, на македонски и албански јазик, преку која и проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ е финансиран од Европската унија. Проектот го имплементираат партнерските организации Фондација Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.

Позитивен пример за можноста што ја понудија камповите и за вмрежување и идни соработки меѓу учесниците претставува и партнерството помеѓу Фондацијата Ангел Петров од Велес и Здружението „Радика-Де“ од Дебар, на тема унапредување на статусот на жената во општеството. Во месец септември, по завршувањето на првиот претприемачки камп каде претставниците на двете организации земаа учество, се реализираше нивниот прв заеднички настан за означување на соработката, „Дебарско-Велешки средби“ (изложба на ракотворби).

Фотографии од претприемачките кампови се достапни во галеријата на www.yes-network.org

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива