Jавен повик за натпревар во бизнис иновативни идеи – студија на случај

Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2016 година Општина Гази Баба објави јавен повик за натпревар во бизнис иновативни идеи – студија на случај.

Предметот на јавниот повик се однесува на  :
  • Организација на проект, манифестација, настан кој би се одржал на територијата на општината во текот на 2017 година.                                                                                                           
Видот и името на настанот не се дефинирани, тоа може да биде, конференција, работилница, фестивал, забава, тркалезна маса или било каков друг вид на собир на учесници кој опфаќа различни теми поврзани со бизнис, туризам, култура, образование, музика, забава, спорт, рекреација, гастрономија, урбано и рурално живеење и слично.

Натпреварот вклучува изработка на проект, постер и презентација.

Право на учество на јавниот повик имаат студенти, старт ап фирми и физички лица.

Рокот за поднесување на пријавите е до 28. 11. 2016.

Првите три наградени проекти ќе добијат финансиска награда:
  • Прва награда – 150. 000, 00 денари
  • Втора награда – 100. 000, 00 денари
  • Трета награда – 50. 000 , 00 денари
Најдобриот проект ќе добие поддршка од институциите и општината во реализацијата на предлогот и ќе треба да го реализира предвидениот настан.
Наградите ќе бидат доделени на финалната манифестација на 06 декември по повод празнувањето на 40 – тиот патронат на општината.
Пријавата со бараната документација да се достави или преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.2 1000 Скопје.

Целосниот јавен повик можете да го погледнете на овој линк.  

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива