Започнаа со реализација шест локални проекти во областа на креирање на младински политики

Објавата на фотографии од имплементацијата на првите активности на шесте локални проекти финансирани во рамки на  проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ на социјалните медиуми, го означија стартот на спроведувањето на предлог мерките во секоја од трите целни општини на овој проект: о. Пробиштип, о. Чашка и о. Старо Нагоричане.

                     

Имплементаторите на локалните проекти се највисоко рангирани апликанти на конкурсот за доделување на грантови за финансирање на проекти на граѓански организации во областа на креирање на младински политики за 2016 година.

Станува збор за краткорочни проектни активности во времетраење од 1 до 3 месеци со главна  цел за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за спроведување на локални мерки за поддршка на младите во соработка со локалните власти.          

 „Создаваме подобар свет“  е проект во реализација на Извиднички одред „Димитар Влахов“ - Велес.
Целна таргет група во овој проект се 40 млади лица на возраст од 14 до 18 години.

Активностите  кои се планирани да бидат реализирани во овој проект се :
 - Организирање на два тематски младински кампови во времетраење од по три дена: 
  Прв камп  "Младите во општетство" 
  Втор камп "Младите и неформалното образование" 
- Издавање на Локална младинска стратегија  
- Промоција на Локалната младинска стратегија 

„Со спорт до подобар свет“ е проект со кој ќе се изврши имплементирање на предлог мерката „Унапредување на културно забавниот живот на младите“ во општина Чашка.

Проектот ги опфаќа следниве активности :
- Спортски натпревари во фудбал, одбојка и баскет помеѓу училиштата во општина Чашка
- Создавање прирачник за здрав живот
- Создавање на акционен план за развој на училишниот спорт во општина Чашка
- Создавање на отворени спортски терени

Целна таргет група во проектот се шеесет лица на возраст од 12-15 години.
Овој проект е во реализација на Училишен спортски клуб „Петре Поп Арсов“ - Богомила.  

„Занаетчиството можност за економско зајакнување на младите во рурални средини“ е уште еден проект финансиран  во рамки  на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ и е во реализација на Здружението на уметници ракотворци „АРТИ КРАФТ“ .

ЗУР „ АРТИ КРАФТ„- Скопје, ќе спроведе три вида работилници:
- Работилница за рачно везење на народна носија;
- Работилница за изработка на сувенири-носии во минијатура;
- Работилница за потреби и проблеми на невработени лица од општина Старо Нагоричане и Владини програми за намалување на невработеноста кај млади во рурална средина и општина Старо Нагоричане;

Таргет популација во овој проект се дванаесет  млади лица со приоритет на таленти од рурална средина на возраст од 25 до 35 години   без разлика на национална, верска, јазична, културна и социо-економска припадност.

 „Фолклорот поблиску до младите“ е локален проект  кој ќе биде реализиран на територијата на о. Старо Нагоричане, а воедно ќе биде имплементиран од страна на Здружението за едукација „МЛАДИ ЗА МЛАДИ“. Во рамки на овој проект ќе бидат имплементирани и следниве активности :

 - Обука на млади луѓе од општина Старо Нагоричане и КУД “Српски Вез“ на традиционални стари, македонски и српски игри и ора;
 - Проширување на знаење на младите и КУД “Српски Вез“ со учење на традиционални танци на секоја од земјите членки на ЕУ а со тоа и запознавање на заедничките вредности на земјите на ЕУ;

Таргет популација на овој проект се  млади лица од општина Старо Нагоричане на возраст од 5 до 15 години, 
десет членови на граѓански организации, како и вработени од општината.

 „Преку убавината на ракотворбата до интегрирање“  е проект во релизација на ЗР „ХЕНДМЕЈД АРТ“. Овој проект ќе изврши спроведување на предлог мерката „Социјално интегрирање преку процесот на формално и неформално образование“ во општина  Пробиштип. 

Овој проект меѓу другото ги опфаќа и следниве активности :
-.Одржување на една тркалезна маса со сите учесници во проектот со вработените во општината; 
- Производство на  10 македонски етно кошули со македонски мотиви и везови
- Реализација на  Јавна презентација и изложба на изработките од проектот, доделување на благодарници за учество и презентација на договореното со општина од тркалезната маса на кој начин понатаму ќе ве поддржува;
Овој проект таргетира ученици на возраст од 14-18 години, студенти од о. Пробиштип, претставници од НВО секторот како и претставници од општината.

 „Развивање на меки вештини за долгорочно самовработување“  е проект кој во фокус ги има младите невработени лица на возраст од 18 до 27 години а ќе биде имплементиран на територијата на о. Пробиштип од страна на Волонтерски Центар Скопје во партнерство со едукативниот центар „Да научиме“.

Проектот опфаќа:
- Три обуки од областа на претприемништво и креирање на бизнис план, лобирање и застапување, како и меки вештини за вработување (биографија, мотивационо писмо, писмо за искажување на интерес, интервју).
- Часови/курс по странски јазици, англиски и германски/италијански.   
           
Од изјави на грантистите генерално може да се констатира присуство на позитивна и конструктивна движечка енергија, која произлегува како резултат на соочувањето со најголемиот предизвик кај секого од имплементаторите – квалитетна и навремена реализација на сите активности планирани во проектот.

Паралелно, во изјавите грантистите ја изразија и својата благодарност од постојната комуникација и редовна координација со имплементаторите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински  политики“  - ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.

         
       
 Проектот е финансиран 
   од Европската унија.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива