Ажурирана верзија на Акцискиот план на мрежата за поддршка на младинско претприемништво

Мрежата за поддршка на младинско претприемништво во март 2015 година го подготви својот прв повеќегодишен Акциски план со кој ќе даде сопствен придонес кон развивањето на претприемачкото општество во Република Македонија. 

Во текот на првата година од имплементацијата на Акцискиот план се утврди дека претприемачите од различно етничко потекло во одредена мера имаат различен пристап кон претприемништвото и имаат потреба од различен вид на поддршка за раст и развој. Овие сознанија укажуваа на потребата од воведување специфични програми што ќе допринесат кон ублажувањето на ограничувачките фактори за развој на претприемништвото. Истовремено, значајно е да се препознаат и разликите што постојат кај претприемачите што потекнуваат од различни немнозински етнички заедници, а во некои случаи и генерацискиот јаз во рамки на една иста етничка група влијае врз посебноста на овие бизниси споредено со останатите мали фирми. Оваа разновидност се рефлектира врз самите мали бизниси основани од страна на припадниците на различните етнички групи, како и врз стратегиите што тие ги користат за управување на истите.

Токму заради фактот дека постојат извесни разлики во претприемачката активност на припадниците на различните етничките групи во Македонија, Мрежата за поддршка на младинско претприемништво го ажурираше Акцискиот план преку воведување на нова, четврта приоритетна област: „Стимулирање и поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи“. Со предвидените мерки за активна промоција на претприемништвото кај оваа целна група, Мрежата се стреми да придонесе кон намалувањето на социјалната маргинализираност и зголемувањето на животниот стандард кај младите и од немнозинските етнички групи во Македонија.

Новата верзија на Акцискиот план е достапна во продолжение. 


Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива