Преглед на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади заедно со партнерските организации Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум започна со имплементација на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“. 

Главната цел на проектот „Заедно за успех“ е придонес кон развојот на мултикултурната демократија и стабилноста во земјата преку унапредување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачи од различни етнички заедници. Стратешката цел на проектот е промовирање на претприемништвото како заедничка перспектива на младите и останатите релевантни актери од општеството. Преку планираните активности за вмрежување, стратешко планирање, подигање на свесност и поддршка на локални акции, проектот ќе ги адресира идентификуваните предизвици и ќе креира услови за искористување на потенцијалот на целните групи за унапредување на меѓуетничките односи во земјата.
 
Очекувани резултати од проектот „Заедно за успех“:
  • Изведување на мултиетничка студија за младинско претприемништво (https://goo.gl/SFZdN5) која ќе ги истражи потребите за поддршка, меѓуетничко вмрежување, претприемачка мотивација и однесување, и капацитет за застапување на 100 млади претприемачки од различни етнички групи;
  • Организирање на 3 (три) мултиетнички кампови за младинско претприемништво на кој 75 млади претприемачи, 45 граѓански организации и претставници од 15 единици на локалната самоуправа ќе имаат можност да се вмрежуваат и да ги унапредат своите капацитети;
  • Воспоставување на совет за меѓуетнички релации во рамките на Мрежата за поддршка на младинско претприемништво и ажурирање на нејзиниот акциски план согласно наодите генерирани во истражувачката студија и фидбекот од претприемачките кампови:
  • Креирање и имплементација на грантова шема за поддршка на локални акции на граѓански организации, а која ќе вклучи најмалку 100 млади претприемачи од различно етничко потекло, 18 граѓански организации и 9 општини;
  • Дизајнирање и имплементација на промотивната кампања „И јас сум претприемач“ проследена со организација на 6 настани за 180 учесници, креирање на документарно видео и промоција на резултатите на пред 100 учесници на финалната конференција на проектот.  
Проектните активности имаат за цел:
  • Утврдување на претприемачкиот однос и потребите на младите луѓе со различно етничко потекло,
  • Унапредување на меѓуетничките релации преку вмрежување на различни нивоа,
  • Зголемување на капацитетите за претприемачко дејствување, застапување и севкупно општествено делување,
  • Зајакнување на капацитети на младинските граѓански организации на полето на мултиетничка соработка и поддршка на претприемништвото,
  • Намалување на предрасудите кај различните етнички групи преку промоција на младинското претприемништво.               
Реализацијата на овие специфични цели ќе овозможи воведување на мултиетничка димензија на мрежата на младински граѓански организации, зголемување на комуникацијата меѓу младите претприемачи, унапредување на поддршката и можностите за континуирано учење, и ќе ги поттикне младите заеднички да ги застапуваат нивните потреби поврзани со (само) вработувањето. Како резултат, ќе се овозможи промовирање на мултиетничка соработка преку една релевантна, а неутрална тема, а тоа е младинското претприемништво.


Проектот е финансиран од Европската Унија.


Проектот е имплементиран од:



 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива