Прв инфо ден за повикот за проекти, 13.12.2016 (вторник), хотел „Холидеј Ин“, Скопје

Пријавете го Вашето учество на првиот информативен ден за повикот на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” финансиран од Европската унија, за доделување грантови на граѓанските организации за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи.

Рокот за пријавување е најдоцна до понеделник 12 декември 2016 година, до 12:00 часот, бидејќи бројот на учесници е ограничен.

Прв инфо ден, 13 декември (вторник) 2016 година, Скопје
Локација: хотел „Холидеј Ин Скопје’
 
Агенда:
13:30 – 14:00 (Регистрација на учесници)
14:00 – 14:20 (За проектот „Заедно за успех: движечка сила за добри меѓуетнички односи“)
14:20 – 14:40 (Преглед на повикот за грантови на граѓански организации)
14:40 – 15:00 (Простор за прашања и одговори)
15:00 – 16:00 (Коктел)      
 
Пријавувањето за учество на инфо деновите се врши на овој линк: https://goo.gl/SA9Kly

За заинтересираните кандидати, ќе се организираат уште 3 информативни сесии за овој повик и тоа во:
  1. Тетово – 15 декември
  2. Битола – 19 декември
  3. Штип – 20 декември
Повеќе информации ќе следат наскоро.

Целосниот повик е достапен на следниов линк: https://goo.gl/NIdjCZ

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива