Одржани четири инфо денови за повикот за грантови во рамки на проектот „Заедно за успех“

На почетокот на месец декември 2016 година беше објавен повикот за доделување грантови на граѓанските организации за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи, во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи”, финансиран од Европската унија. Со цел претставниците на граѓанските организации подобро да се запознаат со повикот и условите за поднесување на нивните проектни апликации беа организирани четири информативни сесии кои се одржаа во четири различни градови низ земјата:
1. Скопје, хотел Холидеј Ин, 13 декември 2016;
2. Тетово, образовен центар Нетинг, 15 декември 2016;
3. Битола, Младински културен центар, 19 декември 2016;
4. Штип, ресторан „Лонгуров“, 20 декември 2016.

За време на настаните беше презентиран проектот „Заедно за успех: движечка сила за добри меѓуетнички односи“, а претставници на проектните партнери и проектниот менаџер дадоа преглед на повикот за грантови кои ќе бидат доделени на граѓанските организации. Потоа, присутните ги поставуваа своите прашања и побараа појаснувања на дел од критериумите, начинот на аплицирање и други детали од повикот, по што следеше пригоден коктел за запознавање меѓу учесниците, како и вмрежување за можна соработка при аплицирање на предлог-проектите на повикот.

На инфо деновите учествуваа околу 200 претставници од граѓанските организации, фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: http://www.yes-network.org/galerija-info-denovi-zaedno-za-uspeh-povik/ 

Потсетуваме дека рокот за доставување на апликационите пакети за повикот е 20.01.2017 година, пришто истиот се доставува само по електронски пат на адресата: info@yes.org.mk. Целосниот повик е достапен на следниов линк: https://goo.gl/NIdjCZ

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива