Објавен повик за учество на Фестивалот Скопје креатива 2017

„Скопје креатива“ е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија. Целта на фестивалот е да настојува континуирано да ги мотивира, запознава, инспирира, зближува, промовира и поврзува меѓу себе, дизајнерите и уметниците со бизнис и претприемачките заедници во Македонија, надевајќи се на успешен амалгам од потенцијални взаемни соработки, кои ќе ги развиваат креативните индустрии во Македонија, преку инспиративни заеднички соработки и проекти, инвентивни и иновативни прототипи со капацитет за општествен развој и здраво-економски импакт во локалната средина и пошироко.   

Фестивалот „Скопје Креатива“ на својата публика и` нуди можност за запознавање со различни идејни и проектни развојни нивоа, на предлози и реализации на прототипи од областа на креативните индустрии, преку различни и досетливи медиумски интерсекции, кои претставуваат инспиративен спој на уметничкото, културното творештво со креативната страна на индустријата. Потенцијалот е голем, потребни се континуирано-цврсти, темелно-интегрирани соработки, кои ќе го изградат и остварат својот импакт во локалното општество и светот.  

Јавната установа Конгресен центар „Александар Македонски“, врз основа на годишната програма за работа на институцијата за годинава, објавува јавен повик за поддршка и промоција на предлог проекти за реализација на Програмата за развој на креативните индустрии Скопје креатива 2017 – Создавај! Ко-креирај. Конкурсот трае до 24 февруари.

На конкурсот, информираат од „Скопје креатива“, може да учестуваат правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата и позитивната законска регулатива во Република Македонија и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн…); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ сектор, софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување и маркетинг и друго.

На конкурсот се повикуваат учесници кои ќе аплицираат за целосна или делумна продукциска/финансиска поддршка, но и учесници кои не бараат никакви финансиски средства, а се пријавуваат за фестивалски настап со конкретен проект/активност.


Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3245-615; 071 237 363 / 075 288 143, и имејл info@kongresencentaram.mk, skopjekreativa15@gmail.com.

Целосниот повик можете да го погледнете овде.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива