Формирање на локални младински форуми како механизам за активно младинско учество

Во текот на месец февруари во општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане, ќе се формираат вкупно три заеднички младински форуми составени од претставници на локалните граѓански организации, претставници на општините кои работат на полето на креирање младински политики, млади лидери, како и претставници од бизнис заедницата. Младинските форуми ќе бидат формирани како дел од активностите на проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, финансиран од Европската унија. Проектот го имплементираат Фондација за Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.

Главната цел на оваа активност е да се придонесе кон зголемување на учеството на младите во процесите на одлучување на локално ниво, како ко-креатори на локалните младински политики. Ќе се формираат форуми во секоја од целните општини, со цел да се одразат локалните ставови на младите луѓе, така што предложените локални мерки директно да одговараат на потреби на младата популација од овие општини. 
 
Резултатите од работата на локалните форуми се очекува да влијаат врз планирањето на локална програма за млади на општините. Важна функција на форумите ќе биде следењето и проценувањето на ефективноста на спроведените локални политички мерки, како и укажување за превземање на соодветни корективни мерки.
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива